Хакери објавија броеви и разговори од WhatsApp на над 500 илјади албански граѓани

Фото : Архива

Нема повеќе приватност за Албанците, телефонските броеви и разговорите на над 500 илјади граѓани завршија на пазар, јавија албанските медиуми.

За експертите, објавените телефонски броеви и разговорите направени од околу 500.000 албански корисници на WhatsApp, а сега ставени на продажба на darkweb претставува “катастрофална штета”.

Експертот за безбедност и професор по криминалистика, Ервин Карамучо е со ист став, дека “овој чин е уште една катастрофална штета на приватноста”.

„На 506 илјади Албанци, корисници на апликацијата WhatsApp, им се продаваат на дарк веб сите комуникации што ги направиле во текот на минатата година. Уште едно катастрофално нарушување на приватноста”, напиша тој на Фејсбук.

По извршените кибер-напади од страна на иранската хакери врз албанските владини системи ова не е првпат да се објавуваат податоците од хакирањето, вклучително и податоци за платите, регистарските таблички на возила, документи за идентификација на албанските граѓани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот