Хајдук му продаде 16-годишен фудбалер на Тотенхем за 12 милиони евра

фото: tottenhamhotspur.com

Тотенхем на својот официјален клупски сајт објави дека го ангажираше младиот Лука Вушковиќ од Хајдук, кој има само 16 години и игра во делот на одбраната, на позицијата централен бек.

Прописите велат дека хрватскиот фудбалер може да игра за Тотенхем за нешто помалку од две години, со договор кој ќе трае до 2030 година.

Според правилата на ФИФА, излегувањето на Обединетото Кралство од ЕУ значи дека клубовите во Британија не можат да потпишат договор со играчи од странство додека не наполнат 18 години.

Англиските медиуми пишуваат дека надоместот за младиот фудбалер изнесува 12 милиони евра, плус одредени бонуси. Според договорот меѓу клубовите, Вушковиќ треба да остане во Пољуд до зима, а потоа се очекува да оди на позајмица.

За првиот тим на Хајдук Сплит запиша до сега 11 настапи во сите натпреварувања, со еден погодок, и воедно придонесе минатата сезона да го освои Купот на Хрватска. А исто така играше за У19 тимот на Хајдук со кој лани стигна до финалето во младинската Лига на шампионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот