Гвинеја побара трофеј од пред 50 години – загубила во финале од Мароко
Преседанот што го направи Конфедерација на африкански фудбал со одземањето на титулата на Сенегал и нејзиното доделување на Мароко предизвика вистинска лавина реакции на африканскиот континент.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Најгласни во моментов се од Фудбалската федерација на Гвинеја, од каде што официјално побараа ревизија на исходот од Африканскиот куп на нации од 1976 година. Тие се повикуваат на контроверзен момент токму од дуелот со Мароко, кога противникот накратко го напуштил теренот во решавачкиот натпревар.
Турнирот во 1976 година се одржа во Етиопија и имал поинаков формат од денешниот. По почетната групна фаза, следувала завршна група со четири селекции, а во последното коло судбината сакала токму Гвинеја и Мароко да се соочат во директна битка за титулата.
Сметките биле јасни и на Мароко му било доволно реми за шампионскиот трофеј, додека Гвинеја морала да победи. Африканската селекција повела во 33. минута преку Шериф Сулејмане, по што следел хаос, мароканските фудбалери револтирани од судиска одлука го напуштиле теренот во знак на протест.
Сепак, драмата траела кратко и играчите се вратиле и натпреварот продолжил, а во самиот финиш, во 86. минута, Ахмед Макрух постигнал гол за 1:1. Тој резултат бил доволен Мароко да заврши на врвот на табелата и да ја освои титулата.
Сега, по најновата одлука на КАФ да го санкционира Сенегал за сличен потег, Гвинејците бараат истиот аршин да се примени и ретроактивно. Останува да се види дали правилата ќе важат подеднакво за сите или повторно ќе има простор за селективна правда во африканскиот фудбал.
Ништо не е готово: Хаосот меѓу Сенегал и Мароко ќе се решава на европска сцена


