Гваидо: Кукавичкиот диктатор Мадуро апси членови на моето семејство

Фото: EPA/Miguel Gutierrez

„Задржа член на моето семејство, кукавички диктатор. Со оглед на тоа дека Мадуро е кукавица која не го покажува лицето и која не се осудува без обезбедување да се појави на јавно место, тој го напаѓа моето семејство“, рече Гваидо.

Лидерот на опозицијата во Венецуела, Хуан Гваидо, претседателот на земјата Николас Мадуро го нарече кукавица, бидејќи наводно го уапсил неговиот вујко.

Вујкото на Гваидо, кој е исчезнат од вторникот, наводно е уапсен по враќањето на Гваидо од меѓународната турнеја, на која бараше поддршка од странските лидери.

Хуан Хозе Макрез, кој патуваше со Гваидо, по враќањето во Венецуела нормално ја поминал аеродромската контрола, но наводно е задржан за преглед, напиша прес-службата на лидерот на венецуелската опозиција на Твитер, пренесува „Ројтерс“.

На аеродромот Гваидо го дочекале и поддржувачите и противицните на Николас Мадуро, а притоа имало и меѓусебно буткање и провоцирање.

– Задржа член на моето семејство, кукавички диктатор. Со оглед на тоа дека Мадуро е кукавица која не го покажува лицето и која не се осудува без обезбедување да се појави на јавно место, тој го напаѓа моето семејство – рече Гваидо за новинарите на плоштадот пред Народното собрание.

Сопругата на вујкото, Ромина Ботаро, која пристигна на плоштадот заедно со Гваидо, рече дека нејзиниот сопруг сакал да биде со внукот кога ќе се врати од странство, како и дека семејството не знае каде е тој во моментов.

По враќањето во Венецуела, Гваидо рече дека ќе го продолжи притисокот против владата на Мадуро бидејќи „земјата крвари и мора да биде спасена“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот