Гутереш предупредува на климатска „болест“ на најголемиот КОП настан во Дубаи

Фото: EPA-EFE/RAJAT GUPTA

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска на климатската конференција КОП28 ги повика глобалните лидери да ја излечат „болеста“ што климатските промени ја предизвикаа на планетата.

„Поларниот мраз и глечерите исчезнуваат пред нашите очи, предизвикувајќи хаос низ целиот свет: од лизгање на земјиштето и поплави, до пораст на морињата“, им рече Гутереш на делегатите на годишниот самит за климата на ОН.

„Но, ова е само еден симптом на болеста што ја турка нашата клима на колена – болест што само вие, глобалните лидери, можете да ја излечите“, додаде тој.

Гутереш предупреди дека глобалното затоплување „ги уништува буџетите, ги зголемува цените на храната, ги нарушува енергетските пазари и ја храни кризата со трошоците за живот“.

На самитот учествуваат претседатели, премиери, експерти, активисти и лобисти за фосилни горива.

Според ОН, овогодишните разговори за климата КОП28 организирани од Обединетите Арапски Емирати се најголеми досега со околу 97.000 регистрирани учесници.

Ова ја прави конференцијата во Дубаи речиси двојно поголема од минатата година во Египет, која беше домаќин на околу 50.000 учесници, пренесе ДПА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот