Ѓурчевски: ФФМ со непримена на Законот за спорт прави кривично дело!

Преку програмата на УЕФА, ФФМ инвестира во подобрување на инфраструктурата на стадионите во Македонија/Фото: ffm.mk

Законот за спорт е главниот пропис кој што ги регулира спортските односи во државата.. Агенцијата за млади и спорт согласно Законот за спорт ја задолжи Фудбалската федерација на Македонија да ги усогласи нормативните акти, а тоа значи Статут, правилници..

Тоа ни го потврди поранешниот член на Управниот одбор на ФФМ, Љубомир Ѓурчевски кој воедно има магистрирано, со завршени докторски студии во областа на кривичното право.

– АМС е државен орган со инспекциски надзор, им издаваат решение, но од ФФМ не постапуваат по решението на Агенцијата за млади и спорт и не ги усогласуват актите со Законот за спорт. Спротивно на Законот на спорт, тие организираат Собрание (14 март 2021 год.) и на истото си вршат избор, реизбор, се носат буџети, усвојуваат завршна пресметка, итн. Но, тоа Собрание им е спротивно на Законот за спорт, по што не е усогласено – рече Ѓурчевски.

ФФМ со непримена на Законот за спорт прави кривично дело. Односно според кривичниот законик, во делот на кривичните дела против јавниот ред, во членот 387 (Организирање отпор) се вели:

Став 1: Тој што ќе организира други на отпор или на непослушност спрема законити одлуки или мерки на државен орган, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.

Став 2: Ако поради делото од став 1 дошло до неспроведување или до значително отежнување на спроведувањето на законита одлука или мерка на државен орган или делото го стори како водач на група, сторителот ќе се казни со затвор од една до пет години.

Значи, спротивно на Законот за спорт се организира Собрание, се избира, се прави, државата како да не е важна и како да не се почитува, или едноставно кажано Организирање отпор против државата, отпор кој трае подолг период.

Фото: Принтскрин/facebook.com/AMSMacedonia

Кривичниот закон е генерален закон, тој се носи со двотретинско мнозинство, квалификувано и плус бадинтерово. Законот за спорт преферира и задолжува избор на делегации по многу друг основ каде што главниот збор го водат клубовите.

– Секој што ќе постапи спротивно на закон или нема да изврши наредба на државен орган, го врши тоа кривично дело. Доколку го врши тоа кривично дело, по тој основ, прашањето до АМС, Јавното обвинителство и секаде е зошто селективност во примената на законите? Зошто членот 387, Организирање отпор, не се примени и спрема Фудбалската федерација на Македонија? Организаторите на Собранието, претседателот на ФФМ и Управниот одбор како организатори треба да одговораат согласно ставот 2 во членот 387 според Кривичниот законик.

Со ова се испраќа поддршка до Владата да ја издигне селективноста, да поднесе кривична пријава, јавниот обвинител да поднесе обвинение против раководството на ФФМ за целата таа незаконита постапка, за секој инволвиран да биде поднесена кривична пријава – се зборовите на Ѓурчевски.

АМС нема да го признае Собранието на ФФМ

АМС повторно влезе во судар со ФФМ неколку месеци пред годишното собрание

ВИДЕО: Инфантино однапред му го честиташе новиот мандат на Сејдини!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот