Гугл обвинет дека ја избиршал Палестина од неговата мапа, но таа никогаш не ни била означена на неа

Палестина и Израел на Гугл Мапс / Фото Гугл Мапс

На социјалните мрежи во последниве неколку денови корисниците го обвинуваат Гугл дека ја избришал Палестина на нивниот Гугл Мапс – но вистината е поинаква, Палестина никогаш не ни била означена на Гугл Мапс.

Кога ќе ја пребарате Палестина на Гугл Мапс, се покажува знамето и името, но покрај неа нема ознака за Палестина или Израел. Додека 136 членки на Обединетите нации ја признаваат Палестина како независна држава, САД и голем дел од Западот не го признаваат тоа.

Ова не е прв ваков случај во кој корисници на социјалните мрежи грешно го обвинуваат Гугл за бришење на палестинската држава. Сличен ваков случај имаше и во 2016 година, кога Гардијан ги демантираше таквите тврдења на корисниците.

Фактот е тој, Гугл никогаш не ја користел палестинската држава на својата мапа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот