Грузија пукна „петарда“ против Бугарија во Разград

Грузија ќе биде најголемата закана за Македонија во Лигата на нации/Фото: facebook.com/GeorgiaGFF

Пред почетокот на натпреварите во групата 4 од Лигата „Ц“ се предвидуваше дека Бугарија најверојатно ќе биде главниот конкурент на Македонија за првото место кое води во плеј-офот за Евро 2024, но по стартните две кола ситуацијата драстично се промени.

Грузија е селекцијата која ќе биде наша најголема закана за врвот, по триумфот дома Гибралтар од 4:0, вечерва Грузијците беа убедливи и на гостувањето на стадионот во Разград против Бугарија (2:5).

Уште во четвртата минута играчите предводени од француската легенда на Баерн, селекторот Вили Сањол, стекнаа предност со голот на Давиташливи, а по половина час игра позитивата беше зголемена после автоголот на Христов.

На стартот од вториот дел домаќините намалија преку Илиев (50`), па следуваа уште три гола на Грузијците. За 1:3 се погрижи Зивзвадзе (52`), потоа на 1:4 зголеми Кварацхелија од пенал (58`), а Вако (70`) стрелаше за 1:5.

Бугарите успеаја само да го ублажат поразот во 83 минута преку Стефанов, а гостите имаа шанса да постигнат уште еден гол, но во 94 минута Квеквескири не беше прецизен од белата точка (90+4`).

УЕФА Лига на нации

Лига „Ц“, група 4

2. коло, резултати:

Гибралтар – Македонија 0:2
Бугарија – Грузија 2:5

Табела:

1. Грузија 6 бодови
2. Македонија 4
3. Бугарија 1
4. Гибралтар 0

Следно, 3. коло, двојки –

9 јуни
20.45 часот Македонија – Грузија
20.45 часот Гибралтар – Бугарија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот