Грујевска од Американ колеџ: Работодавците се презадоволни од целокупната подготвеност на нашите студенти

Месец јуни за Универзитеот Американ Колеџ Скопје е навистина месец кога сѐ е во полна пареа. Вратите се ширум отворени, одговараме на повеќе прашања. Мојот дел вклучува еден линк помеѓу студентите и работодавците и можеби родителите. Тој е клучен период каде сегашните студенти не знаат каде да се одлучат да студираат понатаму. Тука сме ние да им помегнеме и да ги насочиме и ми е задоволство што Кариерниот центар во Американ колеџ е во голем развој, изјави во Утрински брифинг Сандра Грујевска од Универзитетот Американ колеџ Скопје.

Одговорноста да се насочи еден студент каде ќе ги продолжи студиите е многу важен. Кај нас 50% е теорија, 50% е практична настава. Практичната настава е задолжителна, после секоја завршена година студентот мора да има завршено и практична настава. Имаме деловен Совет кој вклучува над 200 компании, установи и државни институции кои имаат ширум отворени врати студентите да ја извршат својата практична настава, вели Грујевска.

– Оваа пандемија покажа колку сме подготвен да ги следиме светските трендови, да се прилагодиме на новото време. Имавме хибридна настава, современа опрема која ни дозволи многу бенефиции и плус праксата можеше да се изведува онлајн. Тоа е еден клучен момент за студентите да одлучат кој факултет да го одберат и кој факултет е спремен да ги следи сите овие трендови, вели Грујевска и додава дека на колеџот има 6 факултети – архитектура и дизајн, странски јазици, информатика, политички науки, деловна економија и организациони науки, психологија.Горда сум што имаме успешна приказна. Работодавците уште од прва година на студии бараат кадар кој што би можеле тие да го оформат и да одговорат на прашањата што ги бара денеска работната сила. Самиот деловен Совет, самите компании се јавуваат кај нас и бараат кадар кој што тие можат да го моделираат, вели Грујевска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот