Груевски од Будимпешта: За пиштолите имам дозвола, која можеби истекла откако не сум во Македонија

Груевски по правосилноста на пресудата за предметот „Тенк“ избега во Унгарија каде побара и доби азил. / Фото: Слободен печат

Поранешниот премиер Никола Груевски денеска од Будимпешта се јави со нов статус на Фејсбук, во кој дава објаснување за пронајдените четири пиштоли во неговиот дом. Вели дека за пиштолите имал дозвола од МВР, а дозволата била заедно со пиштолите.

-Најновата лажна вест е дека пронашле оружје без дозвола.Тоа е неточно. Моите четири пиштоли се со дозвола издадена од МВР и на местото каде можеле да ги пронајдат беше и дозволата за нив. Таа дозвола беше важечка во моментот кога заминав од Македонија со цел да побарам политички азил заради политичкиот прогон на власта. Подоцна, по моето заминување можеби рокот на дозволата истекол, но јас не сум во Македонија и не сум во можност да барам продолжување на рокот на дозволата за оружјето. Оружјето заедно со дозволата и муницијата со документи за набавка на истата, пред се за случајно да не дојдат во раце на децата, беа сместени во мал заклучен сеф, користен само за тоа, така што никој друг неможеше да има пристап до истото. Десетици други наслови со лажни вести во режимските медиуми само ми потврдија дека политичкиот прогон и хајката кон мене не само што не запреле туку добиле на интензитет, пишува Груевски.

Тој ја обвинува власта дека со помош на, како што ги нарекува, контролираните од власта медиуми, ја доведува јавноста во заблуда.

Дури одат и до таму дека непосредно пред да заминам сум потпишал договор за закуп на двата стана за да не плаќам закуп, а не објаснуваат дека согласно тој договор извршена е инвестиција во тие изнајмени станови која одреден период се одбива од ратите за закупот и тоа е во време кога сеуште немав правосилна пресуда на судот и сеуште се надевав на правда, па сите планови ми беа поврзани со мојот дом. Сега очекувам со денови и недели, па и со месеци, медиумите блиски на власта по стотици пати да ги повторуваат лажните вести во специјални емисии на темата, во вестите, преку изјави на платени аналитичари и новинари под контрола или платени од власта, квази експерти, преставници на дел од НВО и други апологети на режимот на власт, вели Груевски.

“Голи пиштоли”

За пиштолите, куршумите, секретарките и “Среќна нова 49та”

Дека една од целите на вчерашниот упад и…

Posted by Nikola Gruevski on Wednesday, March 24, 2021

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот