Груби – Тигањ: Хрватска го поддржува зачленувањето на Северна Македонија во ЕУ

ри средба со хрватската амбасадорка Нивес Тигањ, на која било порачано дека Република Северна Македонија ја очекуваат уште поголеми реформи и преговорите со Европската Унија, каде што Хрватска, како и секогаш, е подготвена да помогне во сите фази.

На средбата Тигањ и Груби, како што информираат од неговиот кабинет, оцениле дека Северна Македонија се движи според европските вредности и Хрватска во оваа прилика ќе продолжи активно да ја поддржува нашата земја во процесот на евроинтеграцијата, во пресрет на почетокот на преговорите со ЕУ.

Хрватската амбасадорка Тигањ, се вели во соопштението, посочила и дека функцијата прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците е една од клучните функции во Република Северна Македонија.

Груби се заблагодарил за големата и пријателска поддршка од Република Хрватска во демократските и евроатлантските процеси на земјата.

Тој, исто така, ја истакнал борбата против корупцијата и организираниот криминал како апсолутен приоритет и предуслов за институционален кредибилитет и економски развој, но и европска интеграција.

На средбата, стои во соопштението, заеднички е заклучено дека напредокот на земјата, особено на патот кон Европската Унија, бара одговорен однос од сите чинители, со цел земјата подобро да пристапи кон разговорите со Европската Унија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот