Груби: И без техничка влада, премиер Албанец ќе има

Артан Груби / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

ДУИ и натаму не открива дали за нив е прифатливо промена на изборниот модел, односно една изборна единица, откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера најави дека ќе предложат да се укине техничката влада и дека се подготвени да разговараат за промена на изборниот модел во една изборна единица. Првиот вицепремиер Артан Груби за „Слободен печат“ вели дека за измена на Изборниот законик мора да има консензус. ДУИ се залага за укинување на техничката влада. Груби вели дека и да има и да нема техничка влада, премиер Албанец во последните 100 дена на владата ќе има.

– Изборниот законик  треба да биде усвоен консензуално, а не еднострано затоа што законикот ги определува правилата за сите. Во однос на укинувањето на техничката влада, тоа е став на ДУИ уште од пред изборите затоа што е апсурдно членка на НАТО и земја со зелено светло за отпочнување на преговори за членство во ЕУ да има техничка влада за спроведување избори поради недовербата во институциите преку нефункционален систем којшто ја блокира владата. Тоа беше и дел од коалицискиот договор и нема ниту една последица по договорот за прв премиер Албанец затоа што не се взаемно зависни затоа што укинувањето на техничката влада и политички премиер со полни надлежности во последните 100 дена влада беше и останува дел од  договорот којшто гледаме дека го почитува и ВМРО-ДПМНЕ, но и парламентарните партии на Албанците ветија дека ќе гласаат за – вели првиот вицепремиер Артан Груби за „Сободен печат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот