Фото: theconversation.com

Грозоморен чин во Уганда: Маж се обидел да влезе во парламентот со отсечена детска глава

Полицијата во Уганда денеска уапси маж кој се обидел да влезе во зградата на парламентот со отсечена детска глава што ја носел спакувана како подарок.

Жртва, според полициски извори, било дете на возраст меѓу пет и осум години, но повеќе детали не се познати, пренесува агенцијата АП.

Парламентарното обезбедување во Уганда, инаку локална група која ја надгледува работата на законодавниот дом, наведе дека грозоморниот пакет бил наменет за собраниската спикерка Ребека Кадага.

Тамошните законодавци разгледуваат закон со кој би предвидувал смртна казна во случај на злочин со жртвување на луѓе.

Жителите на Уганда изразија негодување на социјалните мрежи во врска со инцидентот, а дел од нив се сомневаат во ритуално убиство. Според полицијата и некои надзорни групи, децата се честа мета на такви убиства во државата на африканскиот исток.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот