Грмеше, се лудуваше: Црвена Звезда до јубилејна 20 титула! (ВИДЕО)
Во финалниот плеј-оф од најсилното српско кошаркарско првенство составот на Црвена Звезда славеше во салата „Пионир“ со резултат 76:75.
Американецот Берон со кош во последната секунда им донесе радост на своите соиграчи и навивачи, а тага во редовите на „црно-белите“.
Pionir prokišnjava@prijavi_problem pic.twitter.com/9J6q3rb2Jf
— BEOGRADSKI METRO ? (@bgmetroofficial) June 17, 2019
Овој меч предизвика лавина коментари, денешниот дуел беше и прекинат околу 30 минути поради, бидејќи гром удри во салата, па почна да капе од кровот.
Ова е вкупно 20 јубилејна титула за Црвена Звезда, само една помалку на вечната листа зад Партизан.
Навивачите на Партизан, „Гробари“ упатија критики до судиската тројка сметајќи дека играчот кој ги постигна решавачките поени направил грешка во чекори. Проценете и вие самите, дали се во право.