Славица Грковска, вицепремиерката за политики на добро владеење/Фото: Слободен печат

Грковска вели дека Владата не донела одлука да се повикаат американските експерти за корупција

Вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска вечерва во емисијата „24 анализа“ рече дека доколку имало добри резултати, немало да се оформи СЈО кое потоа пропадна „на разочарување на народот, кој сметаше дека ќе донесе правда“.

Откако министерот за надворешни работи Бујар Османи изјави дека македонските власти самите ги повикале експертите од американскиот „тим за санкции“, кои до неодамна беа во земјава за да истражуваат наводи за корупција кај поранешни и сегашни државни функционери, Грковска вели дека Владата таква одлука не донела.

– Очекувавме дека ќе има поенергична иницијатива како поука на се што се случувало дотогаш. Јас не работев со американскиот тим. Одлука за повикување на тимот немало во Владата. Османи веројатно зборува за активности во доменот на надворешната политика и е најповикан за тоа. Ние во кабинетот постојано имаме актиности кои се врзани во делот на детектирање на системските слабости и како да се надминат. – вели Грковска.

Пристигнувањето на „тимот за санкции“ од американското Министерство за финансии во јавноста го откри амбасадорката на САД во земјава Анџела Агелер, по што владини претставници, меѓу кои и премиерот Димитар Ковачевски, изразија поддршка за антикорупциските активности на американските експерти и понудија помош.

„Сами побаравме да ни помогнат со корупцијата“, вели Османи за посетата од американскиот тим за санкции

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот