„Сами побаравме да ни помогнат со корупцијата“, вели Османи за посетата од американскиот тим за санкции

Бујар Османи, министер за надворешни работи во утрински брифинг / Фото: ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, вели дека македонските власти самите побарале американска помош во борбата против корупцијата, откако беше објавено дека специјален тим за санкции од американското Министерство за правда пристигнал во земјава за да истражи наводи за корупција кај актуелни функционери.

„Ако не ги почнеме преговорите со ЕУ, стравував дека ќе останеме на мониторинг, затоа побарав од САД да ни помогнат во однос на корупцијата“, вели шефот на дипломатијата. Но, околу на изјавата на американската амбасадорка Анџела Агелер во која таа најави „поагресивен поглед на минатите и сегашните корумпирани актери“, Османи додава дека станува збор за „сеопфатен поглед на корупцијата во земјава“ и дека власттие „поддржуваат бескомпромисна борба на сите нивоа“.

Американската амбасадорка вчера соопшти дека во земјава пристигнал американски тим за санкции со цел да утврди како стои работата со гонењето на корумпираните лица. Во интервју за „Сител“, таа повтори дека корупцијата е најголемиот предизвик со кој се соочува Македонија.

„Како што патувам низ земјава и зборувам со обичните луѓе, тие зборуваат за корупција секогаш кога треба да посетат лекар, секогаш кога бараат работа, секогаш кога детето им аплицира за одредено училиште. Искрено, корупцијата доведе до она што јас мислам дека е вистинска катастрофа за оваа земја и што толку голем број млади луѓе не сакаат да останат тука“, напиша Агелер на Твитер, забележувајќи дека корупцијата ги „брка“ младите и дека тоа е најголемата загуба за земјава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот