Грција оди во Брисел со иницијатива — проширувањето на ЕУ со Западен Балкан да стане реалност

За Западен Балкан, Грција презеде силна иницијатива со Декларацијата од Делфи, која беше потпишана пред неколку седмици и ги зајакнува напорите за проширувањето да стане реалност со перспектива за време на грчкото претседателство со Советот на ЕУ во втората половина на 2027 година, рече шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис при пристигнувањето на Советот за надворешни работи на ЕУ во Брисел, објави „То вима“.

Министерот за надворешни работи на Грција посочи дека на денешниот состанок ќе разговараат за главните прашања што се моментно актуелни, како што се Газа, Украина и Западен Балкан.

Дополнително, тој нагласи дека ќе го информира Советот за поморскиот дрон што во петокот беше пронајден во Јонското море, кај Лефкада, истакнувајќи дека е „особено сериозен инцидент“.

„Станува збор за особено сериозна разврска. Во моментов во тек е истрага на Генералштабот за инцидентот. Кога истрагата ќе заврши и ќе се утврдат неопходните технички карактеристики, ќе постои реакција од грчката Влада со потребните демарши. Сепак, би сакал да нагласам дека Грција нема да дозволи развој на воени дејствија во поширокиот регион на Медитеранот, а особено кон грчката страна. Ова создава огромна опасност за слободата на пловидба, како и безбедноста на граѓаните и животната средина. Грција ќе ги преземе сите неопходни чекори за целосно да гарантира дека Медитеранот нема да стане сцена на воени операции“, порача Герапетритис.

Никола Димитров на форумот „Делфи“: Резултатите од бугарската стратегија се тажни — најлоши односи меѓу двете земји

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот