Грција е слаба во однос на дигиталните трансакции

Ајфон Епл мобилен телефон
Фото: EPA-EFE/FRANCK ROBICHON

Мобилните плаќања можеби добиваат на сила, но дигиталните трансакции сè уште имаат значителен простор за раст. Како што вели Беа Ларегел, шеф на јужноевропскиот регион на мултинационалната финансиска групација Виза, во интервју за Катимерини, една од придобивките од дигиталните плаќања е поврзана со урбаната мобилност и пристапот до транспорт без бара хартиен билет.

-Во последниве години, сведоци сме на промена во дигиталните плаќања, особено по растот на е-трговијата и бесконтактните плаќања за време на пандемијата. Во Европа, повеќе од 8 од 10 трансакции со Виза сега се бесконтактни. Во Грција, 96 отсто од овие трансакции се бесконтактни, при што е зголемено преминувањето кон плаќање со картички. Бидејќи бесконтактните плаќања се норма, широкото усвојување на мобилни плаќања е следниот голем чекор. И покрај ваквото значајно зголемување, пенетрацијата на дигиталните плаќања во Грција сè уште останува ниска – рече Ларегел.

Безбедноста е суштината на сè, а благодарение на овие напори, стапките на измами се намалуваат во нивната мрежа во Европа во последниве години.

-Зголемениот обем на дигитални трансакции бара од нас да не бидеме самозадоволни. Повеќе од 1.000 експерти за сајбер безбедност ширум светот ги сочинуваат Центрите за фузија на кибер безбедност, распоредени на три континенти, обезбедувајќи беспрекорен надзор на сајбер безбедноста и одговор на ризик – додава Ларегел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот