Грчевски по поразот од Белгија: Не се справивме ниту со сопствениот притисок
Женската ракометна сениорска репрезентација на Македонија забележа пораз од селекцијата на Белгија со еден гол разлика во квалификациите за пласман на Европското првенство 2026.
Препорачано
Иако нашите репрезентативки го контролираа резултатот во поголемиот дел од мечот, во текот на второто полувреме имаа и четири голови разлика, но во финишот Белгијките направија пресврт и дојдоа до нивниот прв триумф во историјата на едни квалификации.
– Тежок натпревар, не се повлековме под притисокот од публиката, но не се справивме ниту со сопствениот притисок знаејќи што значи овој натпревар за нас. Почнавме добро, но имавме некои пропусти во нашата игра, а така го започнавме и второто полувреме, а сето ова се должи на нашата ротација бидејќи имаме многу повредени играчи и игравме без традиционален централен бек – се зборовите на селекторот Грчевски на официјалниот сајт на ЕХФ.
Новата можност за поправен доаѓа многу брзо, Македонија повторно ќе се соочи со истата селекција, овој пат на домашен терен во Куманово. Натпреварот ќе се одигра на 7 март со почеток од 17.00 часот.
Моментно во квалификациската група 3 водечка е Германија со шест бодови, следува Словенија со четири, Белгија има два, а последна е Македонија без ниту еден бод.


