„Гранде Пандев“ со мајсторија уште на стартот во Серија А! (ВИДЕО)

twitter/pianetagenoa

Официјално започна новата натпреварувачка сезона во најсилното италијанско првенство, и уште во првото коло Горан Пандев успеа да се запише во листата на стрелците.

Џенова во првите 10 минути на домашен терен веќе двапати ја затресе мрежата на Кротоне, за водство се погрижи Дестро во седмата минута.

Само 180 секунди подоцна македонскиот репрезентативец ја зголеми предноста на еден прекрасен начин лобувајќи го противничкиот голман Кордаз.

И на 37 години „Гранде Пандев“ блеска во Серија А, да се надеваме дека ова е почеток на уште една убава голгетерска серија, а секако и во добра атмосфера пред новите репрезентативни обврски.

Да додадеме уште дека Елиф Елмас настапи од 83 минута како замена за Руиз во гостинскиот триумф на Наполи против Парма (0:2).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот