Градот Лос Анџелес бара Ванеса Брајант да оди на испитување кај психијатар

Коби Брајант беше подеднакво успешен и како бизнисмен/ EPA-EFE/LARRY W. SMITH

Падот на хеликоптерот во кој трагично го загубија животот легендарниот НБА играч, Коби Брајант, неговата ќерка Џиана и останатите седум лица, и понатаму е сериозна тема во Лос Анџелес поради судскиот спор.

Вдовицата на Коби, Ванеса Брајант поднесе неколку тужби против полицајците кои објавуваа фотографии од местото на несреќата, а една од тие тужби се однесува и на градот Лос Анџелес.

Сега, адвокатите на градот Лос Анџелес одлучија да го возвратат ударот и побараа психијатриско испитување за Ванеса Брајант.

Тие со овој потег сакаат да докажат дека Ванеса патела од депресија и емоционален стрес поради загубата на сопругот и ќерката, а не поради фотографиите од местото на несреќата кои ги делеа полицајците.

Исто така сметаат дека Ванеса не може да пати поради фотографии кои никогаш не ги видела, но и фотографии кои не се појавиле во јавноста туку се делеле меѓу пријатели и во локали. Поради тоа, адвокатите побараа од судот да и нареди на Ванеса Брајант да биде испитана од психијатар.

Адвокатите на Ванеса Брајант се разочарани од ваквиот потег на одбраната и наведуваат дека испитувањето за несреќата ќе ја натера вдовицата на Коби да се потсети на трагичната несреќа и дополнително ќе ја повредат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот