Градот ќе ги обновува пешачките патеки низ Скопје, акцијата започна од Влае
Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски информираше дека денеска градските служби започнале со голема акција за реконструкција на пешачките патеки низ градот.
Препорачано

Први на листата беа патеките покрај булеварот „Партизански одреди“, на потегот од мостот „Обединети нации“ до пешачкиот мост „Влае“, сместени на површина од 1.200 квадратни метри.
-Оваа делница добива целосно нов лик – пешачка патека со ширина од четири метри, комплетно реконструирана и современо уредена, со нова подлога, подобрена пристапност, уредени рабници и зголемена безбедност за сите учесници во сообраќајот- напиша Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека оваа локација во Карпош е земена како почетна поради тоа што, како што вели Ѓорѓиевски, била најбарана од страна на граѓаните и бидејќи била во исклучително лоша состојба.
-Важно е да се напомене дека токму оваа патека беше една од најбараните од граѓаните, имајќи предвид дека станува збор за исклучително фреквентна зона која со години беше во сериозно лоша состојба. Со оваа интервенција, конечно ставаме крај на сликите на запуштеност и небезбедност- истакна градоначалникот.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
13мин
-
44мин
-
46мин
-
1час
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


