Градоначалникот на Кисела Вода учествуваше на работилница за родова еднаквост без ниту една жена

Градоначалникот на Кисела Вода Филип Темелковски / 22 септември 2021 / фото: официјална ФБ-страница

Градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски, на својата фејсбук-страница објави дека денеска учествувал на онлајн-работилница во организација на американскиот Национален демократски институт (НДИ), на тема родова рамноправност.

„Родовата еднаквост и родово сензитивни политики се дел од секојдневието на општините. Се заблагодарувам на #НДИ #NDI за поканата и можноста да учествувам на работилницата и да ги споделам своите размислувања но и да се запознам за нови меѓународни практики за спроведување на родовата рамноправност во политиките и активностите на општината“, напиша Темелковски на Фејсбук.

Но, она што веднаш се забележува од фотографиите кои ги објави градоначалникот, е дека меѓу учесниците во оваа работилница нема ниту една жена, што е во најмала рака чудно, со оглед на темата.

Онлајн работилница за родова еднаквост / 22 септември 2021 / фото: Филип Темелковски/официјална ФБ-страница

„Мора да гарантираме спроведување на родово сензитивни политики и подеднаква грижа за имплементирање на родово сензитивни активности и проекти во општината. Секој проект и активност има различно влијание врз благосотојбата на мажите или жените. Грижата и поткрепата на родовата еднаквост е застапена во активностите на Кисела Вода“, додава градоначалникот во објавата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот