Градежници: Македонија има капацитет да учествува во обновата на Украина

Фото: илустрација / „Слободен печат“ - Драган Митрески

Ако добро се огранизираме и ако се понуди добра цена, може да учествуваме со градежни работи во Украина, велат сопствениците на градежни компании

Иако се уште има голема неизвесност околу исходот од војната во Украина, деновиве европските челници се поотворено дискутираат дека на Украина ѝ е потребен план за обнова сличен на оној кој САД ѝ го понудија на Европа по завршувањето на Втората светска војна.

Макeдонските градежници велат дека имаат капацит за вклучување во обновата на Украина, но само треба добра организација.

– Ако добро се огранизираме и ако се понуди добра цена, може да учествуваме со градежни работи во Украина. Со оглед на тоа дека таму ќе има потреба од многу работници, верувам дека ќе се понуди и добра цена. Многу наши работници сега сезонски работат во Црна Гора, во Србија и во други земји, но ако навреме има повик за градежни работи во Украина, верувам дека за повеќе пари, тие би се мобилизрале – вели Ивица Јакимовски, претседател на Градежната комора на Македонија.

Никола Велковски од Здружението на градежништо при Стопанската комора пак, објаснува дека е неопходно да се здружат повеќе градежни компании за да може да издржат еден поголем проект.

– За нискоградба, „Гранит“ може и сам да учествува, затоа што има и стручњаци и механизација, но за високоградба треба да се здружат барем 3 форми за да настапат со доволен капацитетет. Таму нема да се гради зграда по зграда, туку цели блокови, и само така ќе се исплати здружено да се настапува, затоа што тамошната логистика, како што е сместувањето и други работи е исто големо прашање. Единечно, некоја градежна фирма би можела да настапи единствено во соработка со некој тамошен конзорциум кој ќе ја пружи таа логистика – вели Велковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот