Градежни материјали станаа хит на Tиктoк: Како фабрика за цемент започна нов тренд?
Трендовите во 2025 година веќе се тркалаат, а еден особено изненадувачки е – „цементниот човек“ на Tиктoк! Да, добро прочитавте. Откако 2024 година ја одбележаа вирални танци, музички трендови и спортски предизвици, 2025 година носи неочекувани ѕвезди на сцената на Тикток. Овој пат сите погледи се вперени во градежните материјали. Еден од пионерите на оваа нова насока е „НексеГруп“, реномиран производител на градежни материјали, кој отвори профил на Tиктoк и предизвика бран од ентузијазам, но и зачудени коментари.
Препорачано
„Ги градиме темелите за вашите домови со децении, а сега сакаме да ги изградиме овде на Tикток“, стои во пораката со која е претставено нивното прво видео. За само неколку дена, видеото собра повеќе од 19.000 прегледи, со коментари од неверување до вистински ентузијазам. Tикток е платформа која фундаментално го промени начинот на кој брендовите комуницираат со својата публика.
Но, фабрика за цемент? Изгледа како потег што ги отфрла сите очекувања. Зошто Tикток? Многумина би се запрашале – зошто компанија за цемент, со долгогодишна традиција, би стапнала на оваа платформа? Одговорот е едноставен: затоа што тоа е платформата на иднината. Статистиката покажува дека дури 40% од младите користат Tикток или Инстаграм за пребарување информации, а сè помалку ги користат традиционалните пребарувачи. Со користење на Tикток, „НексеГруп“ сака да ја приближи индустријата за градежни материјали до генерациите што доаѓаат, пишува Јутарњи лист.


