Градежни активности во Пинтија, се санира улицата Саса

Фото: Општина Кисела Вода

Започна првата фаза од санацијата на улица Саса  во урбаната заедница Пинтија, информираат од Општина Кисела Вода.

Како што инфорнираат од локалната самоуправа, на терен се работи на 500 метри должина, на кои како што велат оттаму, се интервенира за првпат откако е направена оваа улица.

-По налог на Општина Кисела Вода веќе е отстранет дотраениот асфалт и интензивно се работи на подготовките за асфалтирање. Паралелно, во Пинтија, течат градежни активности и на кракот 18 од улицата Саса, каде во завршна фаза е поплочувањето со павер елементи на повеќе улици со вкупна површина од околу 1500 квадратни метри. Покрај надземно, во оваа населба се работи и на унапредување и уредување на подземната инфраструктура. Имено, Општина Кисела Вода е во фаза на подготовка на техничка документација за изградба на околу 1600 метри фекална канализација, за улиците Саса 4 и Саса 2, кои за првпат ќе добијат канализациона мрежа – информираат од оваа скопска општина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот