Полициски службеник / Фото: Архива

Градежна компанија од Батинци се сомничи за измама „тешка“ над милион евра

Полицијата го истражува случајот со милионска измама во скопска градежна фирма. СВР Скопје соопшти дека е извршен претрес во приватен дом и во други простории и дека е поведена постапка против лице во Скопје. Постои сомнение за сторено кривично дело и стекнување со протиправна имотна корист од 73,700.961.00 денари, односно нешто повеќе од милион евра.

„Вчера од страна на полициските службеници од Единицата за Економски и компјутерски кримина при СВР СКОПЈЕ во координација со полициски службеници од Одделот за крим полиција од БЈБ на МВР, со наредба за претес на дом и други простории, издадена од страна на Судија на претходна постапка, извршено е истражно дејствије претрес во дом на лицето С. В. од Скопје, и по претходно издадена Наредба за претрес на деловни простории на правно лице со седиште во с.Батинци во врска со поднесена кривична пријава за сторено кривично дело од чл.275-в од Кз ,,Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно приватно партнерство” од КЗ”, сè уште се прибираат дополнителни докази кои што го чинат основано сомнението за стореното кривично дело кое што се става на товар на пријавените“, велат од СВР Скопје.

Во четвртокот повеќе медиуми ја пренесоа веста дека наводно фокусот на акцијата е обезбедување документација од лажирани јавни тендери и лажни ИСО сертификати поврзани со скопската компанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот