Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Град Скопје идната недела распишува тендер за лунапарк

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски денеска најави дека во текот на идната недела ќе биде распишана тендерска постапка за изградба на лунапаркот во Скопје, кој, како што додаде, во главниот град се очекува со години.

„Јас го поминав детството без да имам можност да го видам лунапаркот, а и најголем дел од моите колеги. Децата наши пораснаа, децата ваши пораснаа, децата на Скопје пораснаа, неколку генерации без да имаат таква можност. Го должиме тоа на нашите сограѓани. Ако не го направиле тоа претходните генерации, ние сме генерацијата што треба да го направи“, рече тој.

Очекува дека онака како што ветуваше, до јуни 2027 година Скопје ќе има функционален лунапарк.

„Некаде во текот на наредната недела конечно ќе биде распишана и тендерска постапка за лунапаркот. Таму ќе поминуваат време нашите деца, мора да биде изработено по највисоки стандарди. Верувам дека за брзо ќе започнат градежните активности што конечно ќе дадат нов лик на тој дел од градот“, рече скопскиот градоначалник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот