Готово: Карим Бензема пред трансфер во Ал Итихад?!

фото: EPA-EFE/Enric Fontcuberta

Последните информации велат дека Карим Бензема (35) наскоро ќе стане поранешен играч на Реал Мадрид.

Освојувачот на „Златната топка“ и човекот кој беше синоним за доминацијата на Реал Мадрид во претходниот период, особено по заминувањето на Кристијано Роналдо, на крајот од оваа сезона наводно ќе го напушти „кралскиот“ клуб.

За тоа се пишува веќе неколку недели, Бензема од 2009 година го носи дресот на Реал со кој успеа петпати да ја освои Лигата на шампионите, а четирипати шпанската „Ла Лига“. Французинот за тимот од „Сантјаго Бернабеу“ постигна вкупно 353 голови.

За неговите услуги заинтересиран е Ал-Итихад, клуб од Саудиска Арабија, а шпанските медиуми пренесуваат дека прашање е кога ќе биде официјализиран трансферот.

Наводно Бензема му кажал „да“ на тој клуб и за сума од 100 милиони евра на годишно ниво, плус би можел да има дополнителни бонуси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот