Готово: Алкантара од Баерн Минхен се сели во Ливерпул!

epa08620973 Thiago Alcantara of FC Bayern celebrates with the trophy after winning the UEFA Champions League final between Paris Saint-Germain and Bayern Munich in Lisbon, Portugal, 23 August 2020. EPA-EFE/Miguel A. Lopes / POOL

За 30 милиони евра шпанскиот играч од средниот ред ќе ја продолжи својата кариера во редовите на премиерлигашкиот шампион, информираат британските медиуми.

Тијаго Алкантара кој минатата сезона со Баерн Минхен ја освои титулата во ЛШ, наскоро ќе биде промовиран како нов играч на Ливерпул.

Вкупно седум години ги бранеше боите на баварскиот гигант, со 31 гол во 235 натпревари 29-годишниот фудбалер седумпати ја покори Бундеслигата, со четири трофеи во германскиот Куп, три во националниот Суперкуп и уште една титула на ФИФА Светското клупско првенство.

Сега се поставува прашањето што ова значи околу статусот на Џорџино Вајналдум, дали Холанѓанецот ќе остане уште една сезона на „Енфилд“…

Доаѓањето на Алкантара е најверојатна лоша вест за Грујиќ или Вилсон кои би можеле повторно да одат на позајмица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот