Гостиварец излажал дека му се заканувалe со пиштол, сега самиот ќе одговара

23-годишен жител на Гостивар доби кривична пријава за лажно пријавување, откако полицијата утврдила дека тој излажал кога пријавил дека некој му се заканувал со пиштол, соопшти МВР.

„СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Х.(23) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување на кривично дело“. На 21.12.2024 во Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар, пријавениот дал лажен исказ дека на 20.12.2024 во двор од семејната куќа едно лице со пиштол му се заканувало“, велат од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот