Гостиварец им се заканувал на сопругата и на ќерката

Полиција/ Фото: Архива на Слободен печат

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Гостивар поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило продолжено кривично дело загрозување на сигурноста. Обвинителството постапува по кривична пријава против 43-годишниот гостиварец, кој во повеќе наврати, со телефонски јавувања и СМС пораки, се заканувал на неговата ќерка и на неговата сопруга со кои извесен период не живееле заедно.

„На 8 март тој и лично дошол пред станот во кој престојувала сопругата со нивните три деца, ѕвонел на домофонот и по кратка расправија и се заканил дека „сите дома ќе ги заколе“. Полициските службеници, вршејќи проверки по пријавените закани, констатирале дека осомничениот и претходно е пријавуван за повеќе кривични дела, меѓу кои и за загрозување на сигурноста и телесна повреда при семејно насилство, па од тие причини станува збор за сериозни закани спрема оштетените. Осомничениот е лишен од слобода, а надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Гостивар поднесе предлог за определување мерка притвор поради опасноста тој да се даде во бегство или да го повтори делото“, велат од ОЈО.​

Разбојничка од Гостивар со нож ограбила обложувалница во Скопје

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот