Гори „Вардариште“ – противпожарни екипи се на терен

фото: Слободен печат / Драган Митрески

Попладневно пожар ја зафати поранешната депонија „Вардариште“. Според првичните информации таму интервенирал тим на противпожарната бригада од тројца пожарникари со едно противпожарно возило.

Од ЦУК најавија детали во текот на вечерта.

И минатиот месец, населбата Ново Лисиче беше во чад, откако се запали дивата депонија. Паркот „Авионче“ беше целосно во чад, жителите на Ново Лисиче сведочеа за замагленост, и реагираа дека чадот буквално „штипе и пече“.

Тогаш директорот на ЦУК информираше дека МВР испратило дополнителни полициски екипи со цел откривање на лицата кои го предизвикале палењето на депонијата „Вардариште“ од која, според јавувања на повеќе револтирани граѓани на 112 во ЦУК, се ширеше остар и неподнослив мирис.

Веднаш по пожарот, и другиот ден, тимови составени од униформирана полиција, инспектори од ЕВР при СВР Скопје и инспектори од инспекторатот на Oпштина Гази Баба извршуваа вонредни патроли во и околу дивата депонија „Вардариште“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот