„Горење“ ќе отпушти 2.200 вработени поради коронавирусот

Минатиот април, во компанијата работеа 9.300 луѓе, пренесува РТС.

Словенечкиот производител на бела техника „Горење” ќе отпушти 2.200 работници поради кризата предизвикана од пандемијата со новиот коронавирусот, јави Радио телевизија Словенија (РТС).

Одлуката за отпуштање на работниците е донесена на синоќешниот вонреден состанок на претставниците на „Горење”, со образложение дека намалува побарувачката поради пандемијата.

– Од вкупно 2.200 работници кои ќе добијат отказ, 1.000 ќе бидат во Словенија, а останатите во филијалите во други земји, изјави претставникот на Синдикатот на „Горење”, Жан Жеба.

Минатиот април, во компанијата работеа 9.300 луѓе, пренесува РТС.

„Горење” е еден од најголемите словенечки извозници, и има фабрики во Србија и во Чешка, а во 2018 година компанијата беше преземена од кинеската фирма „Хисенсе”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот