ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Мисовски: Собранието функционира во полн капацитет до 4 април, а изборите ќе бидат распишани на 14 февруари
Само текот ва вчерашниот ден од Владата добивме најмалку десетина закони кои ќе бидат ставени во собраниска процедура. Согласно праксата се очекува Владата во вторник да се изјасни дека за сите законски проекти што се во собраниска процедура останува позади нив- вели Горан Мисовски во интервју за „Слободен печат“ на Слободна ТВ.
Препорачано
-Собранието ќе работи до 4 април во полн капацитет, кога почува и кампањата за избор за претседател на државата, а изборите би биле распишани на 14 февруари- вели Мисовски.
Во однос на пополнувањето на местото на ДИК за кое се води битка меѓу Алијанса за Албанците и СЕП, Мисовски смета дека се работи само за формално барање од страна на СЕП да дојде до избор на член на ДИК. Вели дека повеќе сакаат тензијата да ја држат во јавноста.
Претседателот на НСДП Горан Мисовски во интервју за „Слободен печат“ истакна дека во тек е формирање на проевропски блок од политички партии кои на парламентарните избори ќе настапат со заеднички пратенички листи. Со сегашниот изборен модел, со Донтовата формула, според Мисовски, тој проевропски фронт би однел убедлива победа на парламентарните избори.
Целото интервју погледнете го во продолжение:


