„Големиот Гетсби“ станува мјузикл и наскоро ќе биде прикажан на Бродвеј

Instagram

Легендарниот роман на Скот Фицџералд „Големиот Гетсби“ се подготвува за адаптација за театарот и станува мјузикл, а музиката ја напишала британската пејачка Флоренс Велч, фронтмен на групата „Florence and Machines“.

Велч ја презела задачата да пишува музика и текстови заедно со Томас Бартлет со кого соработуваше во создавањето на песната „Jenny of Oldstones“ за серијата „Game of Thrones“.

Таа книга ме прогонуваше голем дел од мојот живот“, изјави таа и призна дека мјузиклите се нејзината прва љубов.

Мјузиклот треба да биде поставен на Бродвеј, каде приказната не е поставена уште од времето кога тоа го направи режисерот Џорџ Кукор во 1926 година.

Да потсетиме, во 2013 година, книгата беше адаптирана во истоимен филм.

Книгата ќе ја адаптира за сцена Мартина Мајок, а за режија ќе биде задолжена ебека Фрекнал. Датумот на премиерата, како и кој театар на Бродвеј ќе го прикаже мјузиклот, сè уште не е објавен.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот