Големи пожари во Сибир, Гренланд и Алјаска (ВИДЕО)

Огромен облак од чад се шири низ Сибир, додека шумските пожари со невидени размери во Арктичкиот Круг беснеат веќе трет месец, а пожарот може да се забележи и од вселената.

Замрзнатиот терен покриен со снег и мраз, кој е клучен дел од системот за ладење на Земјата, ослободува јаглерод диоксид во атмосферата и ја влошува веќе загрозената клима.

Вкупната емисија на јаглерод диоксид во атмосферата од почетокот на годината е еквивалентна на емисиите произведени од 36 милиони автомобили годишно, соопшти „Гринпис“.

Русија е најпогодена од пожарите. Минатиот месец, претседателот Владимир Путин ја мобилизира војската за да гаси пожари, а четири сибирски региони прогласија вонредна состојба.

Научникот Јозеф Ашбахер рече дека во период од два месеци, од пожар биле уништени 4,3 милиони хектари шума само во Сибир, загрозените животни бегаат од дивината во населените места, а Антон Бенеславски, експерт за противпожарна заштита во Гринпис, додаде дека ситуацијата би можела да биде потенцијално опасна за локалното население бидејќи пожарите би можеле да се преселат во населени места.

НАСА предупредува на својата веб-страница дека чадот содржи многу загадувачи и штетни состојки кои можат да бидат штетни за здравјето, особено на децата и старите лица.

Карли Филипс од Унијата на загрижени научници вели дека во пожарите на Алјаска изгореле 7,3 милиони хектари шума од 2000 година, што е двојно повеќе од претходните 20 години.

Исто така, емисијата на јаглерод диоксид од овие пожари може да го забрза затоплувањето на планетата.

Иако пожарите во северна Русија, Сибир и Гренланд беснеат веќе три месеци, глобалната јавност дури неодамна се „разбуди“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот