Големи пожари беснеат во Калифорнија, евакуирани илјадници луѓе

Фото: Миа.мк

Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њузом, во вторникот прогласи вонредна состојба за да ја гарантира достапноста на виталните пожарникарски ресурси.

Пожарникарите од вчера се борат со десетици нови пожари низ Калифорнија, сојузната американска држава која е погодени од историски топлотен бран. Пожарите го прекинаа снабдувањето со електрична енергија, по што гувернерот прогласи вонредна состојба.

Државната противпожарна служба наведува дека во 30-ната пожари во Калифорнија се зафатени вегетација, автомобили и куќи, а опустошени се најмалку 48.500 хектари, од кои некои се во близина на Лос Анџелес и Сан Франциско.

Илјадници луѓе се евакуирани северно и јужно од Сан Франциско, каде што се двете најголеми жаришта.

Пожарите се шират по патиштата, а експлозиите на гасни цевки ги принудија жителите на неколку куќи во општината Вакавил итно да се евакуираат. Полицијата од овој град, со 100.000 жители во близина на Сакраменто, на Твитер го објави повикот за евакуација.

Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њузом, во вторникот прогласи вонредна состојба за да ја гарантира достапноста на виталните пожарникарски ресурси, влошени од досега невидениот топлотен бран на Западниот брег, како и од силниот ветер.

Речиси 30.000 домови во Калифорнија се без електрична енергија поради прегревање на електричните инсталации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот