Големи немири во францускиот град Аржентеј

Станува збор за град кој во кој често има насилство и конфликти со полицијата откако минатата година беше убиено осумнаесетгодишно момче по име Сабри. Тој го загуби животот на мотор, а во близина на несреќата бил и полициски автомобил.

Во францускиот град Аржентеј избувна бран насилство со сцени кои потсетуваат на граѓанската војна, јавуваат локалните медиуми.

На социјалните мрежи се објавени снимки од насилство во францускиот град кој се наоѓа недалеку од Париз. На нив се гледа запален автомобил, неколку коли превртени на кров, и групи луѓе како испукуваат огномет кон полицијата која се обидува да интервенира, пренесуваат француските медиуми.

Станува збор за град кој во кој често има насилство и конфликти со полицијата откако минатата година беше убиено осумнаесетгодишно момче по име Сабри. Тој го загуби животот на мотор, а во близина на несреќата бил и полициски автомобил.

Додека официјалната истрага утврди дека станува збор за несреќен случај „во кој не учествувало трето лице”, семејството на настраданиот ја обвинува полицијата дека е одговорна за неговата смрт и бара понатамошна истрага.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот