Голема победа на Гостивар во Битола за враќање во трката за пласман во плеј-офот

пелистер гостивар
Значајна победа за битолски Пелистер во македонскиот кошаркарски шампионат/Фото: КФСМ

Кошаркарите на Гостивар остварија голема победа на гостувањето кај Пелистер со 71:72 и се вратија во игра за пласман во плеј-офот. Херој на Гостиварци беше Ефремовски кој на 13 секунди до крајот погоди тројка за 71:72. Пелистер имаше шанса да дојде до победата, но Малешевиќ не беше прецизен.

По водството кое го имаа „пелистерци“ во првата четвртина (21:17), гостинскиот тим во втората четвртина покажа дека е подготвен за изненадување, направи серија од неверојатни 4:23 и на одмор замина со убедливи 25:40. Во третата четвртина, лидерот на табелата се врати во игра и дојде до израмнување (52:52).

Последната четвртина помина во израмена игра и во која најголемата предност на една екипа изнесуваше пет поени (52:57). Во финишот, по реализацијата на двете слободни фрлања на Силаџи, на нецели две минути пред крајот, Гостивар поведе со 69:66. Пелистер возврати со тројката на Малешевиќ на 01:34 минута до крајот.

Во следниот напад, две слободни фрлања за Пелистер погоди Кесар и водство од 71:69. Гостивар одговори со тројката на Ефремовски на 13 секунди до крајот за 72:71 резултат кој се покажа како конечен бидејќи Малешевиќ не успеа да погоди за домашниот тим.

Силаџи беше најдобар кај гостиварци со 31 поен, Димитриевски даде 13, а Ренсом 10 поени. Кај Пелистер најефикасен беше Малешевиќ со 21 поен, Стајиќ даде постигна 18 поени.

Во плеј-аутот, најтрофејниот кошаркарски колектив во Македонија, Работнички загуби со 72:64 на гостувањето кај Ангели. Ангели до првата победа во плеј-аутот стигнаа благодарение на одличната игра во три четвртини кога дојде до плус 18 (61-43). Предводници во победата на Ангели беа Раме со 21 и Хендерсон со 13 поени.

Кожув во ефикасен меч со 102:96 беше подобар од вториот тим на МЗТ Скопје и ја прекина низата од три порази во плеј-аутот. Најзаслужни за победата беа Унрих со 25 поени и Колев и Деј ко дадоа по 21 поен.
Куманово со 88:84 беше подобар од Академија ФМП. Зивчевиќ беше најпрецизен кај Куманово со 27 поени, додека Јузбашиќ одигра одлично остварувајќи дабл-дабл од 24 поени и 22 скокови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот