Голема чистка во Атлетико Мадрид: Кој се ќе си замине од клубот?

EPA-EFE/MARISCAL

Се чини дека Антоан Гризман конечно официјално ќе замине од Атлетико Мадрид по крајот на сезоната, негов нов клуб би требало да биде Барселона.

Меѓутоа, тој не е единствениот кој би требало да го напушти тимот на Симеоне.

Се чини дека и дека Родриго Хернандез исто така ќе го напушти Атлетико, за него интерес има од друг голми клубови, Барселона, Манчестер Сити и Баерн Минхен.

Лукас Хернандез веќе е продаден на Баерн Минхен, а Диего Годин како слободен играч ќе премине во Интер.

Хуан Фран одбива да стави потпис на нов договор, и тој како Гризман и соопштил на управата дека сака да си замине.

Клубот не му понуди нов договор на Фелипе Луис, па се очекува и тој да замине, а големата чистка изгледа нема да го прескокне ниту Диего Коста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот