Голем неделен хороскоп (28 март-3 април): Стрелците ќе бидат снаодливи, Девиците да бидат внимателни со парите!

неделен хороскоп
Што ни предвидуваат ѕвездите за оваа недела? Илустрација: СП. / Фото: NASA, RawPixel

Овен

Со малку труд ќе постигнете одлични резултати, кои дополнително ќе ја подобрат вашата репутација во деловното опкружување. Ако ви се понуди работа на нов проект или позиција со поголема одговорност, не размислувајте премногу долго, прифатете! Во љубовта, оние кои се сами нема да им недостасуваат љубовни можности, додека на оние кои се во врска Венера ќе им помогне во разоткривање на некои комплицирани емотивни ситуации. Ќе бидете сомнителни и нема да му верувате на партнерот, па ќе ви треба уште поголем доказ за љубовта. Сонцето е во вашиот знак па истото ќе ви даде виталност и енергија. Полни сте со самодоверба која ништо не може да ја разниша. Ќе имате доволно енергија да издржите се.

Бик

Воздржете се од тврдоглавоста и брзањето на работа, особено бидете внимателни со документи и бројки. Критиките што ќе ги слушнете за себе ќе бидат во голема мера неоправдани. Биковите треба да внимаваат на нивните изјави бидејќи ќе бидат погрешно протолкувани. На љубовно поле, ќе ги преувеличувате проблемите, а партнерот би можел да ве обвини за себично однесување. Но, кавгите ќе ви бидат добредојдени бидејќи се конструктивни и ќе ве зближат уште повеќе. Слободните би можеле да се вљубат, а оние кои се во врска или брак да ја прослават свршувачката или да одредат датум за венчавка. Можни се моменти на малаксаност кои ќе бидат резултат на вашата преосетливост. Можеби сте заситени од луѓето околу вас, па ќе ви треба повеќе мир и осаменост.

Близнаци

Ќе бидете снаодливи на работа во ситуации кога е потребна вештина или пристап до информации. Користете ја вашата имагинација, инспирација и интуиција за нови деловни почетоци. Можно е успешно патување во странство. Во љубовта ви претстојат денови на возбуда, нови познанства и незаборавни искуства. Слободните би можеле лудо да се вљубат, а оние кои се во врска ќе уживаат во изливите на емоции на партнерот. Ќе ве поврзуваат исти цели и планови, па ќе создадете заедничка иднина. Доброто влијание на Венера ќе биде заслужно за вашиот убав изглед и одлично расположение. Ќе бидете постојано во движење, па и попасивните меѓу вас ќе почнат поинтензивно да вежбаат и повеќе да се движат.

Ова се најсебичните хороскопски знаци

Рак

Некои планови може да пропаднат, но важно е да останете смирени. Ако на новите проблеми им пристапите мирно и без паника, штетата ќе биде минимална. Раковите треба да избегнуваат расправии со авторитети. Чувајте ја присебноста за да можете да го процените понатамошниот развој на вашата врска. Можеби чувствувате дека не ја добивате очекуваната поддршка од партнерот, па разговарајте за тоа. Ако сте сами, ќе се вљубите во некој чие срце е прилично тешко да се освои, но бидете трпеливи. Ќе можете да се пофалите со добра концентрација и ментална издржливост.

Лав

На повидок се нови деловни можности кои не само што значително ќе ја подобрат вашата финансиска состојба туку и ќе ја подобрат вашата репутација. Оние кои работат во приватниот сектор или имаат сопствен бизнис ќе ја сфатат важноста на доброто рекламирање. Заработката на Лавовите ќе се подобрува. Ќе бидете свесни што значи партнерот за вас и што треба да направите за да ја зачувате врската од сопствените недостатоци. Вашиот социјален живот ќе биде поинтензивен и разновиден, па ќе бидете поканети на разни настани каде што ќе можете да запознаете некој. Ќе бидете друштвени и ќе се движите многу. Ќе ве интересира алтернативна медицина, па затоа е можно да се препуштите на вештите раце на киропрактичар или ќе започнете да вежбате јога.

Девица

Бидете внимателни со парите! Доколку се занимавате со приватен бизнис, ве очекуваат проблеми поврзани со бирократијата. Организирајте се, бидете дисциплинирани и проценете кога се исплати да се борите и кога е подобро да се откажете. Марс во Водолија ве прави страсни и директни во љубовта, но често и тврдоглави. Нема да трпите половични решенија, па партнерот ќе го ставите пред свршен чин. Внимавајте на кризата во која влегувате – ќе треба да покажете повеќе чувство за отстапки и тактики. Девиците треба да внимаваат на физичкиот напор. Нервозата може да предизвика стомачни проблеми, а можно е да имате и несоница.

Што ви носи младата месечина во Овен: Време е за важни промени!

Вага

Имате наталожено заостанати работи. Обидете се прво да ги решите за да продолжите непречено. Заладените деловни односи кои накратко ќе го разнишаат вашиот статус, ќе се разрешат во ваша корист. Ќе водите возбудлив социјален живот. Ако сте сами, големи се шансите дека нема да бидете долго во тој статус, ќе паднете на шармот на многу интересна личност. Вагите од среда ги очекуваат уште повозбудливи денови во кои особено оние во брак или долги врски ќе уживаат со својот партнер. Ќе бидете полни со позитивна енергија, друштвени и ќе се свртите кон љубовта и патувањата. Вашето здравје значително ќе се подобри, особено ако неодамна сте биле болни. Важно е да не дозволите другите да ве  заморуваат со своите проблеми.

Скорпија

Надредените ќе ви понудат позначајна улога, но ќе има и такви кои ќе ви позавидат, па бидете внимателни! Не земајте ги критиките или конфликтите при срце. Премногу сте чувствителни на работа. Родените во октомври би можеле да наидат на недоразбирање на партнерот, а оние кои се во врска ќе се сомневаат во љубовта на партнерот. Но брзо ќе ги попоравите работите и уште повеќе ќе ги зајакнете врските. Слободните би можеле да влезат во неизвесна врска полна со љубомора и страст. Ќе брзате цела недела па нема да имате премногу време да си посветите на себеси. И тоа ќе биде токму она што ви треба најмногу. Најдете време за одмор.

Стрелец

Ќе бидете исклучително креативни и снаодливи, па претпоставените ќе ви го доверат водењето на бизнисот. Ова е многу интензивен период во кој ќе бидете лидер, но и рамо за плачење и несебична помош на другите. На љубовно поле ќе бидете олицетворение на добрина и шарм, па вешто ќе се носите со сите љубовни ситуации. Партнерот ќе сака да биде околу вас, па често ќе бидете заедно. Оние кои се во брак можеби наскоро ќе добијат среќни вести поврзани со принова. Марс во голема мера го штити вашето здравје од големи нарушувања. Добро се справувате со стресот и зголемените обврски. Би можеле да имате мали тегоби поврзани со колената и нозете, возењето велосипед или пешачењето би помогнало.

Предизвикајте насмевка: Најдобрите комплименти за хороскопските знаци

Јарец

Неповолниот Меркур ви ја намалува концентрацијата, затоа внимавајте да не правите грешки на работа. Исто така, Јарците треба да внимаваат на своите финансии бидејќи ве очекуваат непланирани трошоци. Ќе ги правите вистинските потези во љубовта и ќе инсистирате на разговор и конкретни решенија. Можеби ќе ви се допадне личност од вашето деловно опкружување, или некој што често го посетува вашето работно место и секогаш ве погледнува во вашата насока. Оние кои веќе имаат хронични проблеми треба сериозно да го сфатат своето здравје и да не ги одложуваат посетите кај својот лекар. Внимавајте на исхраната.

Водолија

Ви претстои одличен период за напредување, а особено успешна ќе биде соработката со странство. Добро ќе се снаоѓате во работните обврски кои бараат познавање од општа култура, јазични вештини и комуникациски вештини. Венера и Марс во вашиот знак ве свртуваат кон нови љубови. Некој ќе ви се додворува, а вие нема да останете незаинтересирани. Можно е помирување и обновување на страстите кај оние кои имаат проблематични односи со партнерот. Следува помирување! Венера е во вашиот знак, па оваа недела ќе бидете полни со оптимизам, а тоа ќе ги развесели луѓето околу вас. Ќе се грижите за себеси, ќе се разубавувате и често ќе примате комплименти.

Риби

Ќе бидете силни на зборови и ќе ја инспирирате довербата на другите. Работите со скратено работно време ви носат добри приходи, особено оние поврзани со превод, настава, образование и давање интелектуални услуги. Ќе наидете на кавги со кои љубовната врска може да биде тешка и неподнослива, но и ќе научите да бидете непопустливи и тврдоглави. Старите љубовни навики ќе бидат изложени на наплив на промени, кои нема да можете да ги спречите. Немојте намерно да го правите вашиот партнер љубоморен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот