Што ви носи младата месечина во Овен: Време е за важни промени!

овен
Фото: Pixabay

Младата месечина во Овен започнува на 1 април и претставува почеток или повторно раѓање. Со себе ќе донесе добра, позитивна енергија која ќе ја почувствуваат сите хороскопски знаци.

Време е да преземете акција – испробајте нешто ново што досега не сте го направиле, храбро и со многу самодоверба и верба во себеси, зачекорете по нови, непознати патишта. Бидете асертивни, преземете одговорност за вашиот живот. Сега е вистинското време да започнете бизнис или проект за кој долго време сонувате.

Меркур во Овен: Еве како ќе им донесе среќа на хороскопските знаци

Младата месечина е силен циклус во кој треба да го преиспитаме нашиот однос со себеси. Со оваа моќна енергија на првиот знак од Зодијакот, имаме можност да направиме важни промени во животот. Време е да направиме реални планови и да ги создадеме сите услови за жнеење на плодовите од нашите планови за околу две недели по полната месечина.

Овенот е првиот хороскопски знак, па затоа новата Месечина во Овен е особено погодна за нови почетоци. Овенот учи преку искуство и акција, па ова е добра можност за обид. Дури и ако не успеете, ќе научите многу од тоа искуство. Добро време е да ја изразиме нашата автентичност – нашето вистинско лице во неговото вистинско светло, да си веруваме на себеси и на нашата сила, а не да чекаме на другите.

Голем неделен хороскоп (21-27 март): Одличен период за Стрелците, а Биковите ќе добијат корисни информации…

Оваа млада Месечина е во склад со Меркур и се случува кога сите големи планети се директни, што укажува на смел начин на размислување и неколку пречки. Сепак, Марс, владетелот на Овен, се применува на конјукцијата со Сатурн и додека сме подготвени да работиме напорно, можеме да се бориме со стравот дека можеби нема да успееме. Но, тоа не значи дека треба да се откажеме, напротив. Само напред!

Оваа фаза на Месечината ќе има најголемо влијание врз хороскопските знаци Овен, Рак, Вага и Јарец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот