Голем неделен хороскоп (21-27 март): Одличен период за Стрелците, а Биковите ќе добијат корисни информации…

неделен хороскоп
Што ни предвидуваат ѕвездите за оваа недела? Илустрација: СП. / Фото: NASA, RawPixel

Овен

Внимавајте кога склучувате нови договори, за да не направите грешка или пропуст. Доколку е потребно, побарајте помош од поискусни колеги. Не создавајте непријателства во работната средина, доколку е потребно попуштете. Слободните Овни би можеле да запознаат интересна личност на патување или ќе покажат интерес за личност на влијателна позиција која би можела да им помогне да ги остварат своите амбиции. Ќе бидете импресионирани од нејзината животна филозофија и начинот на кој размислува. Одвојте време за спортски активности и поактивен социјален живот. Сега е вистинското време.

Бик

Ќе добиете корисни податоци и информации кои ќе придонесат за вашата репутација на работа. Ако вашата работа е поврзана со медиуми, ако сакате да напредувате и да се докажувате, ве очекува успех. Биковите во брак почесто ќе се караат со партнерот и ќе ги забележат се поголемите разлики кои ги делат. Сепак, нема да недостасува љубов, па кавгите нема да можат да ја разнишаат брачната рамнотежа. Слободните треба повеќе да излегуваат бидејќи Меркур им носи нешто посебно. Вашето здравје, но и здравјето на блиските луѓе би можело да ви го окупира вниманието. Ќе треба дополнително да се грижите за себеси.

Близнаци

Иако ќе ви биде потешко да ги претворите вашите идеи во дела, не се обесхрабрувајте. Сега не смеете да се откажете и да го разрушите тоа што сте го граделе. Ќе имате доволно енергија и упорност да го завршите она што сте го започнале. Ќе бидете опиени од љубов. Ќе бидете подготвени на се за да ја задржите врската. Ќе слушнете некоја вест поврзана со поранешната љубов, а не е исклучена и опцијата за средба која ќе разбуди стари искри. Во брачните односи ќе има премногу молк и премалку разговор. Со читање, слушање музика, ароматерапија или топли купки со миризливи масла ќе постигнете ментална рамнотежа. Слабата концентрација малку ќе ви пречи, но физички ќе бидете во топ форма.

Сезона на Овен: Поттик за акција и освојување, овој период ќе биде особено погоден за некои хороскопски знаци

Рак

Планетарните влијанија ќе ги интензивираат и забрзаат деловните случувања. Ќе добиете информации за некои нови понуди писмено или телефонски, ќе знаете како да го изменаџирате тоа. Во љубовта, ќе ги искристализирате вашите желби и можности и ќе бидете позадоволни од себеси и од своето справување во работите. Слободните би можеле да запознаат личност која ќе дојде од друг град или ќе патува и ќе биде поврзана со кариера или образование. На вашето здравје и расположение би можеле да влијаат меѓучовечките односи, односно квалитетот на заедничкиот живот и соработката со луѓето што ги сакате. Ако работите на тоа поле тргнат наопаку и вие ќе се чувствувате лошо.

Лав

Преземете го својот дел од одговорноста и активно вклучете се во проекти, ќе стекнете корисни искуства. Односот со соработниците е клучен. Затоа од круцијално значење е да негувате позитивен пристап, да пофалете некого за добро сработена задача и слично. Обидете се да најдете златна средина. Вашите љубовни постапки ќе бидат проткаени со идеализам и интуиција, но сепак внимавајте на можни разочарувања или нови љубовни врски со нечесни и неверни партнери. Добро отворете ги очите и не паѓајте на шармантни ласкања. Бидејќи секојдневието ќе ви биде полно со возбуда, ќе се соочите со зголемена доза на стрес и напнатост. Ќе треба повеќе да се опуштите, да спиете подолго и да избегнувате луѓе кои ве мачат или исцрпуваат.

Девица

Вашиот надреден можеби не се согласува со вашите идеи или начин на работа, што ќе ја попречи и забави вашата работа. Сепак, не се обесхрабрувајте, кризата е привремена. Бидете трпеливи. Можни се нови љубовни приказни, кои ветуваат. Со вашата харизма и сексапил неодоливо ќе привлекувате, а оние кои се во врски, смелата љубопитност може да доведе до опасни љубовни триаголници. Ќе бидете изложени на зголемен стрес, но, на притисокот ќе му одолеете со сила на духот и позитивен став. Сепак, посветете малку повеќе внимание на здравјето.

Пролетен љубовен хороскоп: Што ве очекува од март до јуни?

Вага

Подгответе се за можни проблеми со колега од канцеларија или претпоставен, кој нема да биде фер кон вас во одредена ситуација. Во такви ситуации, ставете ги сите карти на маса и разговарајте отворено. Вашата вистинска среќа лежи во семејниот мир и дружењето со одбрани луѓе, кои ќе ви пружат емотивно засолниште. Игнорирајте ги слабостите на вашиот партнер и покажете чувство на отстапки и простување. Ова ќе ви помогне да избегнете повеќе турбуленции. Направете нешто добро за вашиот организам. Оваа недела е одлична за терапии, одење на стоматолог и правење други прегледи, но и за разубавување.

Скорпија

Деловната ситуација ќе почне да се подобрува, а некои стари проблеми ќе бидат заборавени. Без разлика дали сте уметник, спортист или бизнисмен, Меркур го поддржува секој ваш чекор надвор. Дајте им простор на вашите идеи. Браковите и врските кои ветуваат ќе зачекорат во позрела фаза. Може да планирате дури и заеднички деловни потфати. На пример, купување или продавање стан, започнување приватен бизнис или поактивно учество во меѓусебните кариери и деловни планови. Не занемарувајте ја важноста од одмор и релаксација, без разлика колку е интензивен вашиот дневен ритам. Иако вашето здравје нема да ви предизвика некои поголеми проблеми, сепак може да имате внатрешен немир или неможност да заспиете ноќе.

Стрелец

Ќе мора да запаметите многу информации, но нема да можете да се пофалите со завидна концентрација. Деловните настани ќе ве наведат да склучите или раскинете партнерство и да го запознаете вистинското лице на вашите колеги. Љубовта на прв поглед е сигурна. Моментите на романса ќе се менуваат со моменти на страст. Викенд патувања, вечерни излегувања и прошетки дополнително ќе ви ги збогатат деновите. Вљубениот Стрелеци ќе лебдат на седмо небо, а оние кои се во долга врска или брак ќе имаат поголема потреба од партнерот. Се наоѓате во одличен период каде што чувствувате дека имате повеќе енергија и издржливост. Сепак, Меркур во Риби може да ви направи помали проблеми, што може да ве направи помалку концентрирани и малку збунети.

Ова се четирите најдраматични знаци на Зодијакот

Јарец

Работодавците со задоволство ќе ги прифатат вашите идеи и ќе ве мотивираат да бидете уште поефикасни со мали, но значајни комплименти. Добрата концентрација, креативноста и имагинацијата ќе ви бидат од голема корист. Обидете се навреме да го забележите штетното влијание на пријателите или роднините врз вашата љубовна врска. Околината ќе ве збуни со своите забелешки, кои повремено би можеле да го разнишаат вашето позитивно мислење за партнерот. Не мора го споделувате секој детаљ. Ќе можете да се пофалите со добро здравје и уште подобро расположение. Ќе бидете насекаде, многумина ќе ве бараат, едноставно ќе бидете омилено друштво.

Водолија

Не дозволувајте другите да ги контролираат вашите одлуки. Користете зголемена ментална јасност за да ги решите деловните проблеми. Ќе бидете многу убедливи и ефективни во се што правите. Здравата сексуалност, страста и ентузијазмот ви се попотребни од кога и да е. Може да имате романтично познанство во воз, автобус или авион, а бидејќи ќе бидете љубопитни, ќе воспоставите комуникација во различни ситуации. Се наоѓате во чувствителен период, па затоа треба да бидете дополнително внимателни. Внимавајте во сообраќајот, а доколку активно се занимавате со спорт, не се исклучени повреди.

Риби

Новиот ентузијазам и подготвеност да се вложите во нови работни места или зајакнување на стекнатите позиции, ќе дадат добри резултати. Ќе бидете комуникативни, вербално вешти и многу снаодливи во решавањето на предизвиците. Ве очекуваат нови познанства, флертување, па дури и можност за нова врска со влијателна личност. Вашето либидо и хормони нема да ве остават на мира, па понекогаш ќе се согласите на авантури и со „забранети плодови“. Потоплите денови искористете ги за што повеќе прошетки и движења. Здравјето ќе ви биде добро, но нема да избегнете од канџите на психичката напнатост.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот