Голем број кенгури во Австралија умираат од глад поради сушите, еколог смета дека подобро е луѓето да ги убиваат

Фото: Профимедиа

Австралиските кенгури би можеле да умрат во голем број доколку нивната популација не се контролира, предупредуваат еколозите.

За странците, кенгурот е препознатлив симбол на австралиската дивина, но за жителите на тој континент, кенгурот предизвикува силна главоболка.

Овие животни се познати по нивниот циклус на раст на популацијата за време на сезоната на дождови кога полињата и пустините стануваат зелени, а нивниот број се зголемува за десетици милиони.

Кенгурите потоа брзо ги полнат полињата, но кога ќе снема храна, тие умираат во голем број, објасни екологистот Кетрин Мозеби.

„Во некои области, 80 до 90 отсто од кенгурите умреле за време на сушата. Тие умираат од глад, влегуваат во јавни тоалети, јадат тоалетна хартија или едноставно лежат на патот додека нивните младенчиња се обидуваат да се хранат“, рече Мозеби.

Мозеби верува дека најхуман начин да се спасат кенгурите од нивната судбина е да се пука во нив за да се држи нивниот број под контрола.

Кенгурите во Австралија не се загрозени, што значи дека можат да бидат застрелани во повеќето области, но за тоа е потребна владина дозвола.

По сушата во раните 2000-ти, бројот на кенгурите паднал на помалку од 30 милиони, но нивниот број брзо да се вратил на 60 милиони.

Активистите за права на животните го осудија комерцијалното убивање како „сурово колење“ и вршат притисок врз компаниите за спортска опрема Најк и Пума постепено да ја укинат употребата на кожа од кенгур во нивните производи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот