Ѓоковиќ попушти и ѝ дозволи на Јелена да му ја „среди“ фризурата (ВИДЕО)
Сопругата на еден од најдобрите тенисери Новак Ѓоковиќ, Јелена Ѓоковиќ, на својот Инстаграм профил објави видео во кое се пофали дека во карантинот совладала уште една нова вештина, и тоа фризерската.
Со оглед на тоа дека фризерските салони веќе неколку недели се затворени, а косата на Ѓоковиќ повеќе не може да се „контролира“, Јелена се одлучи да го потстриже.
– Од пештерски човек до мојот маж. Во оваа вонредна состојба, многу нови нешта може да се научат – напиша таа на својот Инстаграм профил покрај објавеното видео.
„Дојде време да го ишишам мојот маж, пештерскиот човек, ми дозволи“, изјави Јелена во видеото. „Прифатив, потклекнав, ајде“ – смело одговори Ѓоковиќ. Добро расположениот Новак седна на столчето и се препушти на нејзините раце. „Не е така лошо, секоја чест. Имаш кариера“ – изјави тој на крај.
Инаку пред неколку дена славниот тенисер не ни помислуваше да седне на столчето за Јелена да го потстриже. Тогаш Јелена откри дека ги шиша и децата и кучињата и дека само Новак „не и дозволува“.