Олдриџ работеше напорно и подготвено, а потоа „зелено светло“ дојде од докторот/Фото: EPA-EFE/LARRY W. SMITH

Годинава ја заврши кариерата поради проблеми со срцето, а денеска се враќа во НБА лигата

Познатиот НБА кошаркар ЛаМаркус Олдриџ објави крај на својата кошаркарска кариера во април годинава.

За потсетување, Олдриџ ја заврши кариерата поради проблеми со срцето, а последниот натпревар го одигра на 11 април против Лос Анџелес лејкерс.

Но, Олдриџ работеше напорно и подготвено, а потоа „зелено светло“ дојде од докторот дека му било дозволено да ја продолжи професионалната кариера.

Како голем талент, Олдриџ беше избран пред 15 години како втор пик на драфтот од Портланд, за кој играше до 2015 година, кога потпиша за Сан Антонио спарс.

36-годишниот играч потоа се пресели во Бруклин нетс претходно оваа година, каде што остана само еден месец поради здравствени проблеми.

Но, според информациите од САД, тој треба да ја заврши кариерата во дресот на Нетс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот