Маја и Горазд Вукичевиќ - Фото: Фејсбук/Маја Вукичевиќ

ФОТО | Го роди на 20 години, а денеска заедно слават во Австралија – Маја Вукичевиќ со роденденска порака за синот Горазд

Поранешната македонска пејачка и ТВ водителка Маја Вукичевиќ, која јавноста ја памети по бројните поп-хитови од крајот на 90-тите и почетокот на 2000-тите, објави фотографија на Фејсбук со која му го честиташе роденденот на синот Горазд.

„Те родив во пролет, ти славиме роденден на есен. Среќен роденден синко, те сака мама“, напиша пејачката.

Потсетуваме, Маја е една од ретките на естрадата која стана мајка многу млада, на само 20 години. Таа секогаш истакнува дека Горазд е нејзиниот најголем успех. По дипломирањето во Македонија и тој се пресели во Австралија, каде пејачката веќе изгради нов живот далеку од камерите.

Маја и Горазд Вукичевиќ – Фото: Фејсбук/Маја Вукичевиќ

Иако денес не е активна на сцената, Маја зад себе остави хитови кои беа на врвот на сите топ-листи, како „Остави ме“, „Признавам“, „Јас“ и „Зборови“. Кариерата ја почна како новинар и ТВ презентер, но музичките гени од нејзината мајка, оперската пејачка Милка Вукичевиќ, го направија своето, Маја се посвети на музиката и музичката кариера и беше активна се додека не ја напушти Макеодонија.

Маја Вукичевиќ – Фото: Фејсбук/Маја Вукичевиќ

Во 2019 година, Маја одлучи целосно да се повлече од јавноста и да се пресели на друг континент поради својата голема љубов, со која денес ужива во семејниот мир.

ВИДЕО | На врвот на кариерата замина од Македонија и нѐ остави без „Зборови“ – Маја Вукичевиќ денеска полни 52 години

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот