Го победила карциномот, сега дизајнира убави градници за жени кои имале рак на дојка

Лорен Махон
Фото: Инстаграм/Лорен Махон

Октомври е месец за подигање на свеста за борба против ракот на дојка. На глобално ниво, секоја година се поставуваат повеќе од милион нови дијагнози на карцином на дојка.

Од Британија доаѓа една инспиративна приказна, токму за жените кои заболеле од оваа подмолна болест.

Британката Лорен Махон од Велика Британија на сопствената кожа ја искусила тешката болест, рак на дојка. Како што вели, пред дијагнозата многу одела на забави, а кога дознала за карциномот, многу работи се промениле. Лорен во моментот на дијагнозата имала 31 година, а од несреќните животни околности извлекла сè што е позитивно.

„Животот ми се случуваше, а јас некако одев со тоа. Многу се журкав и некако отупев“, рекла таа.

„Откако дознав дека имам рак, сè се промени“, се присети таа.

Лорен, која сега има 37 години, се обидела да најде совети и приказни од помлади жени кои ја имале истата болест на интернет, но сè што открила биле совети од постари жени.


Потоа, Лорен ја покренала страницата „Девојките версус ракот, каде ги поканила помладите да ја споделат својата приказна.

Покрај тоа, таа дизајнирала линија на градници кои се погодни за жените по мастектомија (хируршко отстранување на едната или двете дојки, делумно или целосно), како и за сите други. Градниците кои се погодни за жени по мастектомија обично се многу скапи и не се убави, па таа дизајнирала нови со брендот „PrettyLittleThing“ (Прилично мала работа).

„Само затоа што некој има рак, не значи дека сака да носи грда долна облека“, заклучила Лорен и додала: „Некои жени се чувствуваат многу непривлечно по дијагнозата, ова може многу да им помогне“.

Лорен изгубила и пријателка поради рак, а колекцијата се вика „Разбудена“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот