Го одбиле и не сакале да го примат: Шерон Стоун од свој џеб му го исплатила хонорарот на Ди Каприо

Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER/EPA-EFE/DAVID SWANSON

Славната холивудска актерка Шерон Стоун, во својата книга „The Beauty of Living Twice“ откри дека во далечната 1995 година од свој џеб му го платила хонорарот на Леонардо Ди Каприо, бидејќи студиото не сакало да го ангажира за улогата во филмот и да го плати тој трошок.

Меѓу неговиот прв филм „What’s Eating Gilbert Grape“ во 1993 година, но и во „Титаник“, кој се случи во 1997 година, и покрај фактот што во тој период веќе бил номиниран за Оскар, Леонардо Ди Каприо не можел да ја добие улогата во филмот „The Quick and the Dead“.

Шерон Стоун во своите мемоари наведе дека Ди Каприо бил маестрален на аудицијата, и дека таа сметала дека тој е единствениот вистински избор за оваа улога. Но „TriStar Pictures” студиото одбило да го ангажира и плати актерот.

„Ми рекоа тогаш дека секогаш си пукам во својата нога и дека тие не се сигурни дали Леонардо би бил добар избор, иако ги молев да го ангажираат“, напиша актерката.

„Подоцна ми рекоа сама да го платам, доколку толку го сакам во филмот, па јас токму тоа и го сторив“, наведе Шерон.

Како што објасни, таа тогаш дел од својот хонорар му го уплатила на Ди Каприо, и на тој начин му овозможила да биде во споменатиот филм.

Слично било и со режисерот Рејми, за кој студиото верувало дека е лоша класа на режисер.

„Ги уверував дека е добар и дека ќе работи речиси за џабе, бидејќи тој само сакаше да биде дел од овој проект“, напиша Шерон Стоун. „На крајот, тие се согласија и со тоа“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот